Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 4 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 12.01.2026 година ( понеделник ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на записник од 3 редовна седница на Совет на општина Неготино

2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино

3. Предлог – Општински енергетски план за 2026 година на општина Неготино

4. Предлог – Решение за давање согласност на Финансиски план и програма за работа за 2026 година на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино

5. Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Надзорен одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино

6. Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Надзорен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино

7. Предлог- Одлука за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков “ Неготино

8. Предлог – Одлука за прифаќање донација на Автобуска постојка за учениците во ООУ „ Гоце Делчев – Неготино“

9. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објективо урбанистичката планска документација

10. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишнaта програма за работа за 2026 година на Локална библиотека ,, Страшо Пинџур “ Неготино

11. Предлог – Решение за изменување на Решение за именување на член на
Заедничката комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу општините од Повардарскиот регион

Close Search Window