Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06, 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет и четвртата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 19.07.2024 година (петок ) во 15 часот.
За седницата го предлагам следниот
- Усвојување на записник од 43 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 25 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 26 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2025 година на СОУ „“Св. Кирил и Методиј“ Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2025 година на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за учебната 2023/2024 годинa
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за учебната 2024/2025 година
- Предлог- Решение за давање согласност на Измена на годишен план за вработување на Општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Одлука за определување на приоритет на проектот за подобрувањее на водната инфраструктура на општините во РСМ
- Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор за грант кој ќе се склучи согласно Договор за финансирањер SERAPIS бр. 2018-0837 помеѓу РСМ и Европска инвестициона банка
- Предлог – Одлука за давање согласност за потпишување на Изјава од градоначалникот на општина Неготино за исполнетост на условите и обврските на проектна документација
- Предог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација