Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и „ Службен весник на РСМ бр. 202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 , 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува педесеттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 28.11.2024 година ( четврток ) во 15.00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино
- Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2024 година
- Советнички прашања