Врз основа на член 11-к став (1), (2), (3) и став (4) од Законот за Пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19) , Oпштина Неготино објавуваИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 04/2023
за унапредување на 1 (еден) професионален пожарникар во ТППЕ на општина НеготиноОпштина Неготино објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) професионален пожарникар во ТППЕ на општина Неготино за следното работно место :
1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Заменик – командир на Територијална противпожарна единица на општина Неготино
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Територијална противпожарна единица на општина Неготино
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА : ПОЖ 02 10 А05 000
НИВО: А5
ОПШТИ УСЛОВИ :
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,
– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа,
– стратешка свест,
– ориентираност кон засегнати страни и
– раководење. “
ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
– стручни квалификации : за Високо раководни пожарникари спасители од категоријата А ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
– работно искуство : најмалку 5( пет) години работно искуство во струката евидентирано во Агенциja за вработување на Република Македонија како работен стаж ;
ПОСЕБНИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
– познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), и тоа:
– преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1 (B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5 – 4,5 поени, ПЕТ, БЕК П, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.
РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:
Дневното работно време за огласеното работно место се организира зависно од потребите на работодавачот , а во рамките на 40 часовното неделно работно време.
– Работни денови: од Понеделник до Петок
– Работни часови неделно: 40 часа
– Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува:
минимална плата , степен на образование , додаток на плата за звање изнесува: 34.200,оо денари.
На интерниот оглас може за да се јават професионални пожарникари вработени во ТППЕ на општина Неготино, кои ги исполнуваат општите и посебните услови пропишани за работното место, како и:
– да е оценет со оценка ,,А” или ,,Б” при оценувањето во 2022 година ,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година прeд објавување на интерниот оглас.
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
– потврди за успешно реализирани обуки;
Професионалниот пожарникар се пријавува со пополнување на пријава објавена во прилог на интерниот оглас.
Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Неготино и до службената електронска адреса: info@negotino.gov.mk.
Рокот за пријавување изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на институцијата.
Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавените професионални пожарникари ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино и тоа:
Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 10 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите
Фаза 2 – интервју се спроведува во рок од 5 (пет) дена по завршување на фаза 1 админстративна селекцијаНАПОМЕНА: Професионалниот пожарникар кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.