ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела на КП 9603/6 КО Неготино Неготино тех број 13/2013 од март 2013 год. изработен од ,,Интер Инвест Инг,, кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 26-04 -2013 год.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 09-05-2013 до 15-05-2013 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 15-05-2013 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.