Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија, Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година  од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е 

за јавен увид за

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Г4 – Стоваришта, складови и отпади на дел од КП 3884 и дел од КП 3927/3 КО Неготино, Општина Неготино

Граници на проектниот опфат се:

– на север низ КП 3884, КП 3927/2, КП 3927/4

– на исток низ КП 3927/3

– на југ КП 4208

– на запад КП 3883

Опфатот е со површина  од  3550.95 м2 или 0,355 ха.

Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 26.03.2024 до 09.04.2024 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

11-116-Анкетен лист

УП Најдовски Мики_compressed

 

Close Search Window