Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија, Урбанизам|

Врз основа на член 48 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020 и 111/23), Општина Неготино објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за повторување на избор на изработувач на Стручна ревизија

Општина Неготино објавува повторен Јавен повик за изработување на:

– Стручна ревизија на детален урбанистички план за Урбана единица 7, дел од блок 23 (помеѓу улиците Маршал Тито и регулирано речно корито на ,,Неготинска река”), согласно ГУП за град Неготино (Одлука бр.08-562/3 од 06.11.2020 година согласно член 13 од Законот за урбанистичко планирање.

  1. Податоци за проектниот опфат:

Предмет на изработка :

– Стручна ревизија за детален урбанистички план за Урбана единица 7, дел од блок 23 (помеѓу улиците Маршал Тито и регулирано речно корито на ,,Неготинска река”), согласно ГУП за град Неготино (Одлука бр.08-562/3 од 06.11.2020 година согласно член 13 од Законот за урбанистичко планирање.

Површина на проектен опфат: 1ха

Место: КП 8286/1 и 8286/2, КО Неготино, општина Неготино

На север планскиот опфат граничи со кружен тек на спој на улица Маршал Тито со улица Партизанска, на исток границата се движи по оската на регулирано речно корито на ,,Неготинска река”, на југ границата на планскиот опфат се движи по оската на пристапна улица спој помеѓу Маршал Тито и Партизанска а на запад со Маршал Тито.

Започнување на работите: веднаш по добивање на налог од општината за изработка на Стручната ревизија на урбанистичкиот проект.

Стручната ревизија да се изработи согласно Законот  за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20 и 111/23) и Правилникот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 225/2020, 219/21, 104/22 и 99/23).

  1. Период на изработка на ревизија: 

– 15 дена за изработка на стручната ревизија по добивање на барање;

– 5 дена за изработка на стручната ревизија по доставување на корегирана урбанистичко планска проектна документација.

3.Потребна документација за докажување и исполнување на критериуми:

На повторениот јавен повик  можат да се пријават правни лица со извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење на стручна ревизија согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23) или важечка лиценца за изработување на ревизија за урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18)

Документација за докажување и исполнување на критериуми:

На повторениот јавен повик можат да се пријават правни лица со извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење на стручна ревизија согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23) или важечка лиценца за изработување на ревизија за урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18).

За докажување на овој услов се доставува Копија од извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење на стручна ревизија согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23) или копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18).

 

3.1. Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка односно треба да достави Документ за регистрирана дејност – образец ДРД или потврда за регистрирана дејност.

 

3.2. При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на набавка односно правното лице да има важечка лиценца за изработување на урбанистички планови согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) или извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење на стручна ревизија, согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23).

 

  1. Рок и начин за доставување н понудата:

Понудите да се достават најдоцна до 11.04.2024 година (четврток) до 16:00 часот преку архивата на општина Неготино, во плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ и „за ЈАВЕН ПОВИК бр. 11-125/3“

  1. Датум, време и место на отворање на понудите:

12.04.2024 година, во 12:30 часот, во просториите на Општина Неготино (сала на советот на Општина Неготино).

  1. Критериуми за доделување на договор на јавниот повик;

 6.1. Кадровска и техничка опременост на правното лице

– да има вработено најмалку 3 (три) дипломирани инженери архитекти – урбанисти на неопределено време со овластување на изработка на стручна ревизија на урбанистички планови (листа на вработени од надлежен орган  не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања или потврди);

– да достави листа за техника опременост;

              

6.2. Референтна листа за извршени работи

– референтна листа за извршени работи за ист или сличен предмет на работи од последните 3 години;

6.3 Претходни позитивни стручни референци од подрачјето на проектниот опфат што е предмет на јавниот повик

– најмалку 3 (три) стручни референци за извршени исти или слични работи во последните 3 години од подрачјето на проектниот опфат што е предмет на јавниот повик;

6.4 Понудена организација и методологија на изработка на работите

– динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива;

  • Финансиска солвентност

 

– да остварил позитивен финансиски резултат за последните 2 години со доставување на извештај за биланс на успех или завршна сметка заверени од  надлежен орган.;

 

6.6 Вредност на понудата да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021)

 

– понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во предмерот од Прилог 1.

 

Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.

Понудата не е деллива.

 

Начин на плаќање:  Вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена. (50% по доставувањето на стручната ревизија на Нацрт – планот/на предлог УП и 50% по усвојувањето на урбанистичкиот план/донесување на урбанистичкиот проект).

 

Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.

 

Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:

– цена на изработка на услугите (60 бода);

– број на вработени архитекти инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање (3-4 вработени – 6 бода и повеќе од 5 вработени – 10 бода);

– број на стручни референци за извршени исти или слични работи во последните 3 години, бодувањето ќе се врши врз основа на потврди издадени од страна на надлежните органи за успешно извршување на стручна ревизија (20 бода; 3-5 референци – 10 бода, од 6 до 10 референци – 15 бода, повеќе од 10 референци – 20 бода);

– рок за извршување на активностите (10 бода, отстапки повеќе од 6 дена од наведените – 3 бода, отстапки од 3 до 6 дена од наведените – 6 бода, прифаќање на наведените рокови – 10 бода).

Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на ДУП. При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.

За дополнителни информации, контакт лице: Весна Ѓорчева  тел.071/249-125; е-mail: vesnagorceva@gmail.com.

ПРИЛОГ 1

Ред. Бр. Предмет на изработка ха цена без ддв цена  со ддв
1 Изработка на Стручна ревизија на Детален урбанистички план за Урбана единица 7, дел од блок 23 (помеѓу улиците Маршал Тито и регулирано речно корито на ,,Неготинска река”), , КО Неготино, општина Неготино 1    

ЈАВЕН ПОВИК

Close Search Window