Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Во врска со актуелната состојба од настанатите пожари на територијата на општина Неготино се донесоа следните заклучоци:

  • Се апелира до населението во општина Неготино и тоа во селата: Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села кои не се зафатени од пожарот поради опасноста од забрзано ширење на истиот;
  • Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места;
  • Правните субјекти кои располагаат со соодветна механизација во рамките на можностите кои не ја попречуваат нивната дејност да ги стават на располагање своите ресурси
  • Да се изврши активирање на доброволните противпожарни друшта на општина Неготино и општина Демир Капија;
  • Да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен;
  • Се апелира до сите граѓани кои доброволно сакаат да помогнат во справување со настаната состојба да се пријават во Општина Неготино на тел бр. 043/361-045.

 

   Командант на Штаб за заштита и спасување на општина Неготино

                                         Гордана Јованова

Close Search Window