На предлог и иницијатива на градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева, а со одлука донесена со мнозинство гласови во општинскиот Совет, во основните и средното училиште во општина Неготино ќе се интонира химната на Република Македонија.
Според градоначалничката Нацева, одлуката е донесена со цел да се испрати порака за почит на Република Македонија, како и да придонесе кон градење чувство на припадност, заедништво и почитување на државните и општествените вредности.
Ова од причина што, според Нацева, љубовта кон татковината се вкоренува од најрана возраст и тоа преку почитување, достоинство и одговорност, додавајќи дека ваквите активности се и ќе бидат важен сегмент од образовно-воспитниот процес.

