Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Совет општина Неготино, Соопштенија|

Врз основа на член 79 став 1 точка 29 од Статутот на општина Неготино („Сл.гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 , 16/14 ,13/20 и 3/22) , член 26 и 26-а од Закон за јавни претпријатија ( Сл. весник на РМ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 9/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 , Сл.весник на РСМ бр. 35/19, 275/19, 89/22 и 274/22, 208/24 и 193/25) и Правилник за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и Надзорен одбор на јавно претпријатие , начинот на поднесување на пријавата , обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите ( „ Сл. весник на РСМ ’ бр. 213/24) Советот на општина Неготино, објавува

Јавен повик  бр.02/2026 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати  за избор на членови на Надзорен одбор  на ЈП „КОМУНАЛЕЦ  “ Неготино

 

Јавниот повик се однесува за пројавување на интерес за пријавување на кандидати  за избор на член на Надзорен одбор  на ЈП „ Комуналец “  Неготино.

ЈП  „ Комуналец “ Неготино е основано од страна на Советот на општина Неготино со приоритетна  шифра на дејност 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода за пиење  .

Надлежности  на ЈП „ Комуналец “ Неготино се  : Собирање на отпад и одржување на јавни и прометни површини, одржување на зелени површини , одржување на гробишта и градска капела , собирање на смет , одржување на депонија, собирање. Транспорт и депонирање на комунален отпад .

Веб страница на ЈП КОМУНАЛЕЦ  Неготино е www.jpknegotino.com.mk .

 

Јавниот повик се распишува за членови  на Надзорен одбор  на ЈП „Комуналец „   со мандат од 4 години. Надзорниот одбор  е составен од 3 члена .

Кандидатот  за член на Надзорниот одбор  на ЈП „КОМУНАЛЕЦ „ Неготино треба да ги исполнуваат следните услови :

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
  • Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија , дејност или должност.

Освен општите услови член на надзорен одбор на јавните претпријатија треба да имат соодветно работно искуство и тоа:

  • Член на Надзорниот одбор треба да има најмалку 5 години работно искуство
  • Член на Надзорниот одбор треба да има најмалку од 5 години работно искуство од областа на финансиското работење  и
  • Член на Надзорниот одбор треба да има најмалку 5 години работно искуство од од областа на правните работи.

Кандидатот кон пријавата треба да ја приложи следната документација:

  • Образец за пријавување
  • Државјанство на Република Северна Македонија
  • Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ( соодветно за местото за кое се пријавува)
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење професија дејност или должност
  • Доказ за соодветно работно искуство наведено во јавниот повик( потврда од ФПИОСМ за евидентиран стаж)
  • Кратка биографија
  • Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно актредитирани институции за нивно издaвање согласно закон.

Заинтересираните кандидати потребната документација потребно е да ја достават во хартиена форма (оригинал или копија заверена на нотар ) заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување на јавен повик , со назнака на кој Јавен повик се однесува и да ја достават до Архивата на општина Неготино на ул.„Ацо Аџи Илов “ бр.2 најдоцна до 20.01.2026 година.

Рокот за пријавување изнесува 5 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Образецот за пријавување на јавен повик е составен дел на овој Јавен повик.

Член на НО на ЈП не може да има лично , преку трето лице или по било која основа интереси во претпријатието кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие.

Документација доставена по истек на рокот за пријавување нема да биде разгледувана.

Постапката на селекција на кандидатите за член на Надзорен одбор на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино ќе ја спроведе Комисија за селекција формирана од страна Советот на општина Неготино.

Постапката на селекција на кандидатите за член на Надзорен одбор на ЈП „КОМУНАЛЕЦ “ Неготино ќе ја спроведе Комисија за селекција во две фази :

  • Административна селекција ( завршува најдоцна најдоцна во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите)
  • Интервју ( со кандидатите што успешно ја завршиле административната селекција, се спроведува најдоцна 10 дена од денот на завршување на административната селекција) .

Точното време и место на одржување на интервјуто ќе се обават на веб страната на општина Неготино.

 

По завршување на фазите на селекција комисијата подготвува и до основачот на јавното претпријатие доставува ранг листа , од најмногу 10 најдобро рангирани кандидати најдоцна 10 дена од денот на завршување на интервјуто.

Советот на општината во рок од 15 дена од приемот на предлогот ќе изврши соодветен избор и ќе донесе одлука за именување на членови  на Надзорниот одбор на ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ Неготино.

 

                                                                         СОВЕТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО

                                                                                Претседател ,

                                                                        Лилјана Арсова Митрова  с.р

Образец-3

Close Search Window