Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија, Урбанизам|

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:

Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за нацрт план – Детален урбанистички план за Урбана единица 1, дел од Урбан Блок 1 (помеѓу улици Маршал Тито, 29-ти Ноември и Новопланирана 1), Општина Неготино

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за Урбана единица 1, дел од Урбан Блок 1 (помеѓу улици Маршал Тито, 29-ти Ноември и Новопланирана 1), Општина Неготино.

Граници на планскиот опфат се:
-Од Север: започнува во точка 1 и се движи преку ул. „29-ти Ноември“ и по оска на пристапна улица (планирани со ДУП Урбана единица 1, Општина Неготино, плански период 2010-2015), сѐ до точка 3;
– Од Југоисток: започнува во точка 3 и се движи по оска на ул. “Маршал Тито“, (планирана со ГУП за град Неготино, 2016 – 2026 год),сѐ до точка 5;
– Од Југозапад: започнува во точка 5 и се движи по оска на ул. “Новопланирана 1“ (планирана со ДУП Урбана единица 1, Општина Неготино, плански период 2010-2015), сѐ до точка 6;
– Од Северозапад: започнува во точка 6 и се движи по оска на ул“Новопланирана 1“ (планирана со ДУП Урбана единица 1, Општина Неготино, плански период 2010-2015), сѐ до почетна точка 1.

Опфатот е со површина од 0,55 ха (5467м2).

Јавната анкета

Јавната анкета за нацрт план – Детален урбанистички план за Урбана единица 1, дел од Урбан Блок 1 (помеѓу улици Маршал Тито, 29-ти Ноември и Новопланирана 1), Општина Неготино со тех. бр. 44/24 од декември, 2025 година, е изработен од ,,ТИМ ПРОЕКТ” ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) денови и тоа од 02. Февруари. 2026 година до 03. март. 2026 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 04. февруари. 2026 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино.

анкетен лист

Јавен повик

Одлука за ЈА и ЈП

44-24 pdf. ДУП УЕ 1, ДЕЛ ОД Б1,О НЕГОТИНО(10.12.2025)-s_compressed

Close Search Window