Почитувани сожители,
Чест и задоволство ми е да ве поканам на овогодинешното одбележување на „Св. Трифун – Недела на виното 2026“! Неготино, срцето на винската традиција, и оваа година широко ги отвора портите за сите љубители на доброто вино, традицијата и македонската песна. 🍷✨
Подготвивме богата четиридневна програма исполнета со:
• Дегустации на најдобрите вина и ракии;
• Изложби на старите занаети и уметнички творби на нашите најмлади; и
• Традиционално закројување на лозата.
За музиката и забавниот дел ќе бидат задолжени нашите незаменливи Некст Тајм❗️
Да го прославиме празникот на лозарите заедно, со вино и со ведра мисла. Ве очекуваме во Неготино од 12-ти до 15-ти февруари‼️



