Почитувани сограѓани, земјоделци и агробизнисмени,
Имам огромно задоволство да ве поканам на Еднодневна обука за дигитално и прецизно земјоделство, која ќе се одржи во соработка со дипл. инж. агроном Марио Петковски.
Светот се менува, а со него и начинот на кој ја обработуваме земјата. Нашата цел е да им помогнеме на неготинските домаќини да ги искористат придобивките на новата технологија за поголеми приноси и помали трошоци.
Детали за настанот:
Петок (30 јануари)
• 10:00 часот
• Сала на Општина Неготино
На оваа обука ќе зборуваме за воведување на дигитални алатки кои овозможуваат прецизна контрола на посевите, заштеда на ресурси и модернизација на производниот процес.
Сите присутни по завршување на настанот ќе ја добијат комплетната презентација и едукативни материјали директно на својата е-маил адреса.
Ве очекуваме заедно да го трасираме патот кон посовремено и посилно неготинско земјоделство!

