Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева информира дека во соработка со СОУ „Кирил и Методиј“ успешно се унапредени капацитетите за практична настава на неготинските средношколци.

 

Преку проектот „MADE BY AS“ – „Направено од нас“, обезбедина е современа техничка опрема во вредност од 972.260,00 денари, целосно финансирана како грант од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија

Учениците од хемиско-технолошката и електротехничката струка отсега на располагање имаат:

-Лабораториски дигестор и печка за жарење;

– Лабораториска сушара (50 л) и дехидратор за овошје и зеленчук;

-Иноксна ферментациска комора изработена по HACCP стандарди;

-3D Принтер за потребите на роботиката и автоматиката.

 

Оваа опрема им овозможува на учениците теоретското знаење да го преточат во реални производи – од сушено овошје и зачини, до пекарски производи и пакувања изработени од нив самите. Сите производи се дел од компанијата „Златен Клас“ ДООЕЛ.

 

Поддржете ги младите занаетчии!

Нивните производи можете да ги најдете и купите директно во училиштето или на продажниот пункт на Градскиот плоштад во Неготино секој вторник и четврток.

Инвестирањето во образованието и практичните вештини на нашите млади е инвестиција во иднината на Неготино!

Close Search Window