ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Во Неготино ќе се одржи еднодневна работилница за дигитално земјоделството

Во Неготино ќе се одржи еднодневна работилница за дигитално земјоделството

Почитувани сограѓани, земјоделци и агробизнисмени,
Имам огромно задоволство да ве поканам на Еднодневна обука за дигитално и прецизно земјоделство, која ќе се одржи во соработка со дипл. инж. агроном Марио Петковски.
Светот се менува, а со него и начинот на кој ја обработуваме земјата. Нашата цел е да им помогнеме на неготинските домаќини да ги искористат придобивките на новата технологија за поголеми приноси и помали трошоци.
Детали за настанот:
Петок (30 јануари)
•  10:00 часот
• Сала на Општина Неготино
На оваа обука ќе зборуваме за воведување на дигитални алатки кои овозможуваат прецизна контрола на посевите, заштеда на ресурси и модернизација на производниот процес.

Сите присутни по завршување на настанот ќе ја добијат комплетната презентација и едукативни материјали директно на својата е-маил адреса.

Ве очекуваме заедно да го трасираме патот кон посовремено и посилно неготинско

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email