Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ДАЛНОВОД ДО 35KV, ВО КО ТРЕМНИК, ОПШТИНА НЕГОТИНО,КО ПРЖДЕВО, КО БИСТРЕНЦИ, ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ДЕЛ 1: КП 2053/3 И КП 411, ВО КО ТРЕМНИК, ОПШТИНА НЕГОТИНО

Изработката на урбанистичкиот проект е за приклучување на фотонапонска електрична централа ФЕЦ Демир Капија (52.00 MW)
согласно условите на терен за приклучување на ФЕЦ Демир Капија на електропреносна мрежа која се претпоставува дека ќе се изведе со 110 kV радијален далекувод ACSR 240/40 mm² со приближна должина од 1 km од збирната 110/x kV ТС Демир Капија до постојната
400/110 kV ТС Дуброво. Приклучокот на преносна мрежа претставува ново 110 kV далекуводно поле во 400/110 kV ТС Дуброво.
Во границите на проектниот опфат влегуваат: КП 2053/3 и КП 411, КО Тремник, општина Неготино.
Површината на проектниот опфат изнесува 475 м2.
Должината на предвидената траса 34,3 m1.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 06.03.2026 до 20.03.2026 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

11-49-5-Соопштение

11-49-анкетен лист

UP DALEKOVOD 33-1 fev2026 vva rev.._compressed

Close Search Window