Екипата на ГФК Неготино учествуваше на меѓународен турнир во Сандански, Бугарија, со вкупно 45 млади фудбалери и 5 тренери, распределени во четири генерации: деца родени 2013-2014, 2015, 2016 и 2018-2019 година.
Неготинските млади таленти постигнаа извонредни резултати и освоија три први места и
едно трето место.
Покрај екипните успеси, беа освоени и пет индивидуални награди:и тоа за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот. Ова претставува најголем успех во историјата на клубот, бидејќи на еден меѓународен турнир ГФК Неготино успеа да освои толку голем број награди.
Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на пречекот на фудбалерите и нивните ментори и упати честитки до сите млади фудбалери, тренери и за сите кои беа дел од овој голем успех.



