Извонредна масовност имаше денеска при реализацијата на организираната акција за пошумување на локацијата кај споменикот на Манчо Малиминов.
Во денешната акција се засадија 100 садници ,, свилен багрем ” / ,, кинеска мимоза ” со висина од 2 метри со што сите учесници придонесоа за создавање поздрава и позелена животна средина и околина.
Активностите се спроведоа во соработка со Мен Енд Маунтенс организатори на Генералка викенд кои ја обезбедија донацијата на садници.
Општина Неготино продолжува со акции за зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина.


