Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот -Локална урбанистичка планска документација за изградба на ладилник и винарска визба на КП 2190/2 КО Неготино , Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за изградба на ладилник и винарска визба на КП 2190/2 КО Неготино, изработен од АРХИКОНС Јован Дооел Кавадарци со тех.бр.02-10/2014 од октомври 2014год.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 26 -11 -2014 до 03-12-2014 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот,конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 03-12-2014 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.