Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25. 101/25, 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02, Сл.весник на РСМ, бр.202/24), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:
Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета за ПРЕДЛОГ – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 6 ДЕЛ ОД БЛОК 19 (Помеѓу улиците „Ацо Аџи Илов“, „Јане Сандански“ и „Христо Ботев“) Општина Неготино
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира повторување на јавна презентација и јавна анкета за ПРЕДЛОГ – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 6 ДЕЛ ОД БЛОК 19 (Помеѓу улиците „Ацо Аџи Илов“, „Јане Сандански“ и „Христо Ботев“) Општина Неготино.
Граници на опфатот сe:
• На југозапад е осовината на улица „Ацо Аџи Илов“
• На запад осовина на улица „Јане Сандански“;
• На север и исток осовината на улица „ Христо Ботев“;
Опфатот е со површина од 1,3 ха.
Јавната анкета
Повторувањето на Јавната анкета за ПРЕДЛОГ – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 6 ДЕЛ ОД БЛОК 19 (Помеѓу улиците „Ацо Аџи Илов“, „Јане Сандански“ и „Христо Ботев“) Општина Неготино со тех. бр. 04-84/2022 од јули, 2025 година ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни дена и тоа од 15.04.2026 година до 28.04.2026 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.04.2026 година во 13:00 часот во просториите на општина Неготино.

