Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 8 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 17.04.2026 година ( петок ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 5 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 6 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 7 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2026 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Дополување на Интегриран извештај за доставените финансиски извештаи ( отчети ) на спортските клубови од Општина Неготино за добиени финансиски средства од Буџетот за 2025 година
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлука за основање на заедничко претпријатие регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство стационар – ШЕПА Кавадарци
- Предлог – Одлука за донесување на Предлог за Измена и дополна на УПВНМ за лесна индустрија на дел од КП 556, ко Црвени Брегови 2, дел од КП 678, кп 679, ДЕЛ ОД кп 681, КП 762, КО Криволак, дел од КП 1000/1, дел од КП 1006/2, и дел од КП 4178/1, ко Неготино , општина Неготино
- Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на плати, додатоци на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно – технички работи и помошни работи во општина Неготино
- Предлог – Одлука за прифаќање донација од ДТТУП РИКИ-ТРЕЈД КОМ ДООЕЛ с.Пепелиште, Неготино
- Предлог – Одлука за прифаќање на донација од РОТАРИ КЛУБ Неготино
- Предлог – Решение за именување на членови на Надзорниот одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на финансиски извештај на ЈП „Комуналец“ Неготино за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година
- Предог – Решение за давање согласност на Правилник за утврдување на мерилата, критериумите и начинот на пресметка на надоместокот – цена на услугите што паѓа на товар на родителите за услугите што ги дава ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
- Предлог- Решение за давање согласност на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино за отуѓување на движни ствари кои се застарени и неупотребливи
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков “Неготино за 2026 година
- Предлог- Решение за давање согласност на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
- Предлог – Решение за двање согласност на Годишен план за вработување за 2027 година на ООУ „Страшо Пинџур “ Неготино
- Предлог – Решение за двање согласност на Годишен план за вработување за 2027 година на ООУ „Гоце Делчев“ Неготино
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
- Предлог – Решение за доделување финансиски средства


