На покана на директорот на ЈЗУ Здравствен дом Неготино д-р Љупчо Пасинечки, а по повод одбележувањето на 7-ми април – Светскиот ден на здравјето и на здравствените работници, денес градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева престојуваше во нашиот Здравствен дом и присустваше на одбележувањето на празникот.
На сите вработени кои се посветени на грижата за здравјето и животот на граѓаните Нацева им го честиташе Светскиот ден на здравјето со желби за добро здравје, успех во работата и како и досега, и во иднина со гордост да ја извршуваат својата хумана професија.



