Под мотото ,, Трчаме заедно ” денес во Неготино се одржа рекреативен тренинг со учество на над 100 учесници кои со себе требаше да понесат спортски дух и желба за трчање.
Според организаторите, ова не беше трка, туку можност да се вклучат професионални тркачи, рекреативци и лица кои уживаат во пешачење.
Стартот и целта беа на градскиот плоштад, времетраењето на активностите беше 1 час и 30 минути со избор на секој учесник дали ќе трча, ќе се рекреира или ќе пешачи.
Еден круг изнесуваше 5 км, се тргна од плоштадот кон Музејот, назад до хотелот Греј стар и враќање на плоштадот.



