Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 10 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 26.06.2026 година ( петок) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 9 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог- Одлука за измена и дополнување на Одлука за извршување на Буџетот на oпштина Неготино за 2026 година
- Предлог – Одлука за преотстапување на парични средства за дотации на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
- Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2027 година на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино