Од Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје од Велес ги информираат граѓаните на општина Неготино дека во координација со ресорното Министерство за здравство и со локалната самоуправа е утврдена потребата од извршување на уште едно авионско прскање на територијата на неготинска општина. Од таму потенцираат дека втората авионска адултна дезинсекција ќе се спроведе наредниот четврток на 20-ти август во периодот од 05 до 08 часот и тоа покрај на територијата на општина Неготино, така и во општините Кавадарци, Росоман и Демир Капија со единствена цел активноста да ги даде очекуваните резултати. Токму затоа, се информира населението кое што се занимава со пчеларство, во пресрет на закажаното прскање и тоа во периодот од 05 до 08 часот да ги заштитат своите пчели, како не би дошло до појава на несакани последици.