ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Совет општина Неготино

13 редовна седница на Советот на општина Неготино 11.09.2026 година

13 редовна седница на Советот на општина Неготино 11.09.2026 година

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино бр.3/06,  2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 13  редовна седница на Советот на општина Неготино.

Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 11.09.2026 година   ( петок ) во 14:00 часот.

За седницата го предлагам следниот

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Усвојување на записник од 12 редовна седница на Совет на општина Неготино

 

  1. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за Локален економски развој на општина Неготино за 2026 година

 

  1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата во областа на образованието во општина Неготино за 2026 година

 

  1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програма за

култура и спорт на општина Неготино за 2026 година

 

  1. Предлог – Програма за изменување на Програма за заштита на животна средина на територијата на општина Неготино за 2026 година

 

  1. Предлог – Програма за изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2026  година

 

  1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2026 година

 

  1. Предлог – Развојна програма за измена на Развојна програма за реконструкција на улица Ленинова во општина Неготино

 

  1. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино

 

  1. Предлог- Програма за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно земјиште во градско подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година ( 21, 22 и 23 Септември 2026 година)

 

  1. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Неготино во деновите 20, 24 и 25 септември 2026 година
  2. Предлог – Одлука за определување на висината на надоместок за користење на Градскиот плоштад во општина Неготино за поставување на маси, шанкови и урбана опрема на ден 25.09.2026 година за  Неготинска музичка вечер 2025 година

 

  1. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на цените на услугите за третман на заловено сопственичко куче во ЗЈП Стационар ШЕПА Кавадарци

 

  1. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за 2025 / 2026 година

 

  1. Предлог – Заклучок з а усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за 2026/2027 година

 

  1. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино

 

  1. Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управен одбор  на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта  „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“  Неготино

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Wa-mbrella
Cancelation 05-390