Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 15 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 30.10.2026 година ( петок ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 13 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 14 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 9 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 10 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Одлука за доделување на Награда 8ми Ноември за 2026 година
- Предлог – Одлука за доделување на Признанија 8ми Ноември
- Предлог- Одлука за преотстапување на парични средства за дотации на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
- Предлог- Одлука за именување член на Управниот одбор за на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
- Предлог- Одлука за комунален ред во општина Неготино
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење без надомест на две специјализирани возила метларки за улица на ЈП „Комуналец“ Неготино
- Предлог – Одлука за давање на управување и одржување на потисен цевковод и резервоар за вода за пиење во с. Тремник на ЈП „Комуналец“ Неготино
- Предлог – Одлука за поништување на Одлука бр. 08-347/5 од 19.05.2021 година за отстапување на спортски објекти донесена од Совет на општина Неготино
- Предлог –Одлука за поништување на Решение за давање согласност на Тарифник на висината на надоместокот за користење на објектите за спорт во општина Неготино бр. 08-575/5 од 24.09.2021 година донесена од Совет на општина Неготино
- Предлог – Одлука за поништување на Одлука зa доделување на користење на просториja во објект на СРЦ МЛАДОСТ Неготино на Стрелачки клуб МАРШАЛ Неготино бр. 08-197/9 од 11.03.2020 година донесена од Совет на општина Неготино
- Предлог – Одлука за прифаќање на Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка преку користење на интелектуални услуги од областа на процената помеѓу општина Неготино и општина Конче
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош