ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК за  евидентирани невработени лица со ниски квалификации

ЈАВЕН ПОВИК за  евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Неготино, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија,  за  6. Програма за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Општина Неготино

Заинтересираните лица може да поднесат Пријава до 30.10.2026 година во Агенцијата за вработување на РС Македонија, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Заинтересираното невработено лице пополнува Пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карта и трансакциска сметка.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општина Неготино, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и невработените лица.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости• Соопштенија
Известување !!!!