Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 16 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 12.11.2026 година ( четврток) во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 15 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за финансиското работење на ЗЈП „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци за периодот од 01.01.2026 до 31.09.2026 година
- Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на Отворениот граѓански универзитет „НЕГОТИНО“ Неготино за 2026 година
- Предлог – Тарифник за утврдување на цените за користење на спортски објекти во општина Неготино
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програма за Енергетска ефикасност на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2026 година
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програма за култура и спорт на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за за измена и дополнување на Програмата во областа на образованието во општина Неготино за 2026 година
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програма за Локален економски развој на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за за измена и дополнување на Програма за заштита на животна средина на територијатана општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за измена на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за измена на Развојна програма за реконструкција на пат од с. Долни Дисан до с. Горни Дисан, Општина Неготино
- Предлог – Програма за измена на Развојна програма за Реконстукција на улица Ленинова во Општина Неготино
- Предлог – Програма за измена на Развојна програма Изградба на улици и кружен тек на Улица Маршал Тито на спој со улица Партизанска, улица Даме Груев и улица Христо Ботев во Неготино, општина Неготино”
- Предлог – Програма за измена на Реконструкција на градски плоштад општина Неготино
- Предлог – Програма за измена на Развојна програма Реконструкција со рехабилитација на улица Маршал Тито, општина Неготино Фаза II
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2026- 30.06.2026 година
- Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и оддржување на јавно осветлување на МПЦ Охридска архиепископија Повардарска епархија – манастир Св. Димитриј с. Вешје – Неготино
- Предлог- Одлука за давање согласност за склучување Анекс на Договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Општина Неготино и Општина Конче
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
23. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства