Во рамките на процесот на донесувањето на Програмата за работа и креирањето на Буџетот на општина Неготино за 2027 година остваривме средби со жителите на Тимјаник, Д.Дисан, Курија и Цр.Брегови на кои присутните имаа можност да достават предлози и идеи за реализација на проекти со Програмата за работа на општина Неготино за наредната година, а воедно и самите да учествуваат во креирањето на Буџетот на општината за наредната година.
На средбите отворено разговаравме за најважните прашања и приоритетни проекти за жителите на 4-те села, а граѓаните ги изнесоа своите предлози и забелешки за тоа што треба да биде во фокусот на работата на општина Неготино во 2027 г.
Истовремено, од страна на жителите беше истакнато задоволството од досега реализираните проекти во нивните места на живеење, како и потребата да продолжиме со исто темпо, транспарентно и во постојан дијалог со граѓаните на нашата општина.
