ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАЦЕВА ПРИСУСТВУВАШЕ НА РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРИТЕ НА ШВАЈЦАРИЈА Г-ДИН ЗОМЕР И НА ШВЕДСКА Г-ДИН СОЛСТРОМ

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАЦЕВА ПРИСУСТВУВАШЕ НА РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРИТЕ НА ШВАЈЦАРИЈА Г-ДИН ЗОМЕР И НА ШВЕДСКА Г-ДИН СОЛСТРОМ

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева заедно со колеги градоначалници од 7 други општини од Македонија учествуваше на работната средба со амбасадорот на Швајцарија Н.Е. Кристоф Зомер и на Шведска Н.Е. Ола Солстром која се одржа во резиденцијата на Амбасадата на Швајцарија која беше посветена на напредокот на проектот ,, Заедници водени од интегритет “.

Разговорите кои се водеа беа фокусирани на процесите на локалното управување, реформите насочени кон зајакнување на интегритетот, транспарентноста, отчетноста и подобрувањето на услугите за граѓаните.

Инаку, проектот ,, Заедници водени од интегритет ” кој е финансиран од Швајцарија и Шведска има за цел да им обезбеди поддршка на општините во државата во воспоставувањето силни системи и практики за интегритет, кои ќе ги минимизираат ризиците од корупција и ќе ја зголемат довербата на јавноста.

Амбасадорите Зомер и Солстром го пофалија лидерството на градоначалниците во остварувањето на заедничката цел и им се заблагодарија за нивната посветеност.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email