ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

НА ТЕРЕН РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРИ УСЛУГИ И ДОСТАПНОСТ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ГРИЖА НА ПОВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА И ЛИЦАТА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ОД НАШАТА ЗАЕДНИЦА

НА ТЕРЕН РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРИ УСЛУГИ И ДОСТАПНОСТ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ГРИЖА НА ПОВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА И ЛИЦАТА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ОД НАШАТА ЗАЕДНИЦА

Заедно со претставници на проектните партнери, здравствени институции, професори, доктори и здравствени работници, денес на терен во Криволак се одржа настан посветен на грижата за здравјето и квалитетот на живот на повозрасните лица и лицата од ранливите категории во нашата општина.

Станува збор за проект ,,Elder-Care” кој општина Неготино го спроведува со цел за унапредување на здравствената и социјалната грижа во делот на пружање поефикасна поддршка за лицата кои се соочуваат со деменција, но и за нивните семејства.

Во рамките на проектот општина Неготино работи на опремување на Дневен центар за возрасни и ранливи категории на лица во Спортската сала Младост кој ќе овозможи простор за физичка активност, терапевтски активности и подобрување на менталното здравје, а преку ангажирање на мобилен тим од 4 асистенти овозможуваме достапност здравствена поддршка да имаат и граѓаните во руралните средини, како што тоа денес беше случај во Криволак.

Значајна компонента е и вклученоста на ЈЗУ Здравствен дом Неготино со предвидени инвестиции во медицински кабинет – Центар за рехабилитација со медицинска опрема, амбулантно возило, преносен ултразвучен апарат и друга медицинска опрема со која се зајакнуваат здравствените капацитети во општина Неготино.

Како локална самоуправа продолжуваме да градиме заедница во која грижата не е само обврска на заедницата, туку заедничка вредност и одговорност за сите нас.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email