ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Со 29.603.854 денари се реализираат градежни работи во УЗ 5, УБ 5,1

Со 29.603.854 денари се реализираат градежни работи во УЗ 5, УБ 5,1

Во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино, кој претставува значаен инфраструктурен зафат за градот. Со овој проект се пробиваат и уредуваат нови улици со вкупна должина од 550 метри, како и поставување на водоводна линија, атмосферска и фекална канализација. Овие активности овозможуваат целосна модернизација на комуналната инфраструктура и создавање на современи услови за живеење.

Инвестицијата изнесува 29.603.854 денари и е целосно финансирана од Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски. Со реализацијата на проектот, жителите на ова подрачје ќе добијат функционална и добро поврзана урбана заедница со сообраќајна, водоводна и канализациона мрежа, што ќе овозможи зголемена вредност на недвижностите и развој на нови содржини.

Овој проект има долгорочно значење за развојот на Неготино бидејќи покрај подобрувањето на инфраструктурата, придонесува за рамномерен урбан развој, зголемена безбедност и унапредување на квалитетот на живот на жителите. Урбаната заедница 5 ќе стане пример за современо и одржливо уреден станбен простор кој ги спојува потребите на граѓаните со визијата за модерен град.

Напредокот на проектот можете да го следните на линкот: https://proekti.gov.mk/project-details.nspx?projectId=d640b732-011d-489a-9b68-8cc41a972168

Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина.

#ПроектиЗаТрајнаПромена #СигурнаИднина #МакедонијаСеРазвива

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email