ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Природни ресурси

Природни ресурси

Природни ресурси

  Од рудни богатства на територијата на општина Неготино се наоѓа наоѓалиште на јаглен на површина од 60 км2.

    Позначјни површински водотеци во општина Неготино се: Војшаничка, Тимјаничка река, Курјачка река, река Дошница, река Бошавица и река Вардар која поминува низ општина Неготино.
Од животинскиот свет може да се сретнат: дивата свиња, дивиот зајак, срната, волкот, лисицата, еребицата, дивата пајка и дриги помалку застапени видови.

    Покрај реката Вардар се застапени врбата, тополите и некои видови грмушки, додека на повисоките места се сретнуваат дабот, буката, габерот и јасенот. Шумските производите кои се добиваат од дрвото како што се: смола, лико, плута, плодови, семе, лист, мов и др.,како и другите шумски производи: лековити и индустриски растенија, шумски плодови, габи, трева се користат односно собираат неконтролиран и доста стихиен начин.

    Неорганските ресурси како што се каменот, песокот, глината и тресетот исто така се експлоатираат на неорганизиран и стихиен начин.
Повеќе излетнички места се наоѓаат во општина Неготино, а како најомилено може да се издвои манастирот Св Ѓорѓија.

    Во општина Неготино постојат пет ловишта и едно ловно друштво кое има околу 330 членови. Најчесто во општината се ловат следните видови дивеч: див зајак, еребица, гулаб-гривнаш, како дива свиња и лисица.

    Во општина Неготино риболовни места се реките Вардар и Дошница кои располагаат со рибен фонд од следниве видови на риба: сом, крап, мрена, клен и белвица.

Клима

Територијата на општината Неготино како дел од областа Тиквеш и Повардарие е под влијаније на медитеранската клима, која продира од југ преку Демиркаписката клисура и на континенталната клима, која продира од север преку Велешката котлина. Климата се карактеризира со:

– просечна температура на воздух 13.5О Ц,

– средна летна температура 24.7 ОЦ,

– средна зимска температура 3.1ОЦ,

– број на денови со температура под 0 ОЦ– 58 и температурна амплитуда 58.6ОЦ.

Најстуден месец е јануари, со средна минимална температура од –1.4˚Ц, додека најтопли месеци се јули и август. Ова подрачје се карактеризира со многу мали количества врнежи, кое на годишно ниво просечно изнесува 450мм/м2. Просечна влажност 67%. Просечно годишно траење на сончевото зрачење изнесува 2230 часа. Најчести ветрови на овој простор се север и северо-западниот ветар.