Сообраќај
Низ територијата на општина Неготино поминува автопатот М-1 и регионалниот пат Р-107.
Вкупната должина на постојната градска мрежа во градот Неготино изнесува 25 км, а вкупната површина 17.5 ха. Во општина Неготино има 51 км локални патишта.
Во општината нема организиран Јавен градски превоз.
- Вкупно 3174 возила
- Постоење на одреден број нерегистрирни возила кои се вклучени во транспортот
- 0.13 возила по глава на жител со просечна старост на возилата од 20 години
Низ територијата на општина Неготино поминува линијата Табановце-Скопје-Гевгелија.
- 4 железнички станици: Кукуречни, Криволак, Неготино и Дуброво
- Индустриски колосек во АД “Повардарие”