Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и осматта редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 25.07.2019 година (четврток ) во 12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Одлука за одобрување на дополнителен финансиски придонес на Општина Неготино за проектот ,,Вински , Апи и Еко туризам во Неготино и околината,,
2. Предлог- Одлука за спроведување на проектот и превземање на обврска за надоместување на ДДВ за проектот ,,Изградба на дел од патниот правец с.Горни Дисан- Вешје,,
3. Предлог- Одлука за спроведување на проектот и превземање на обврска за надоместување на ДДВ и други кусоци и неприфатени трошоци за проектот ,,Основен проект за реконструкција на дел од улица во с.Тремник во должина од 1000м,,
4. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2019 година
5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт, и соработка со здруженија и фондации за 2019 година
6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година
7. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност за 2019 година
8. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година
9. Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Неготино за 2019 година
10. Предлог- Заклучок за усвојување на Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година( ребаланс)
11. Предлог- Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Неготино
12. Предлог- Одлука за донесување на општ акт за село Тимјаник општина Неготино
13. Предлог- Решение за разрешување и именување на членови на УО на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
14. Предлог- Одлука за доделување на користење на простории во објект на месна заедница во с.Пепелиште, с.Војшанци, с.Тимјаник
15. Предлог – Одлука зa усвојување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Неготино, Општина Кавадарци, Општина Росоман, Општина Демир Капија
16. Предлог- Одлука за доделување на користење на објект стара училишна зграда во с.Горни Дисан
17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
18. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства