Се информираат граѓаните на општина Неготино дека на територијата на нашата општина во тек е активност за спроведување изработка на регистар за куќни броеви. Инаку, покрај во неготинска, оваа активност се реализира и во неколку други општини во нашата држава. Регистарот за куќни броеви го спроведува независна компанија од катастарот на Република Северна Македонија.