С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог – ДУП за УЗ 3 дел од УБ 3.1 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители“ и Обиколница), општина Неготино
Граници на опфатот сe: на север по осовината на улица ” Едвард Кардељ”, на исток по осовината на улица „Енгелсова”, на југ осовината на улица “Македонски Бранители” и на запад е осовината на Обиколницата.
Опфатот е со површина од 1,7 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог- ДУП за УЗ 3 дел од УБ 3.1 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители“ и Обиколница), општина Неготино со технички број 04-53/2020 од февруари, 2020 година, изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 28.02.2020 година до 12.03.2020 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2020 година во 14:00 часот во просториите на општина Неготино.