Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Општина Неготино ги известува граѓаните од нашата општина дека во врска со препораките од Владата, во интерес на јавното здравје и преземање мерки и активности за превенција и заштита од ширење на корона вирусот, се советува да се редуцираат посетите во просториите на локалната самоуправа. При евентуална посета на општината, се препорачува да се избегнуваат директни контакти при поздравување со вработените и да се избегнува долго задржување во просториите, како и да се одржува пристојно растојание од најмалку 1 метар при средба/разговор со вработените или останатите присутни. Исто така се препорачува, доколку тоа е можно, граѓаните своите потреби од услуги од општината да ги остварат најпрво преку телефонски контакт на бројот 043-361-045 или по електронски пат, а доколку доаѓањето во зградата на општината е неопходно, документацијата, барањата и слично да се доставуваат во просторијата на Граѓанско информативниот центар лоциран во приземјето на зградата на локалната самоуправа. Општина Неготино Ви благодари за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие упатства.

Close Search Window