Врз основа на член 50 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002), член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Неготино бр. 08-475/4 од 28.07.2021 година, а во врска со член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на РМ бр.68/04….71/16) ,
ОПШТИНА НЕГОТИНО-ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
ОБЈАВУВА
ОБЈАВА
За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на подрачјето на општина Неготино
Објавата се однесува за распределба на:
Линија бр.7
Неготино-с.Курија-с.Црвени Брегови-Неготино
Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:
1. Да се впишани во Централниот регистар на РМ и да имаат приоритетна дејност /главна приходна шифра: вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај. Исполнувањето на овој услов се докажува со приложување Копија од тековна состојба не постара од 6 месеци.
2. Да е сопственик на најмалку 4 (четири) регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 8+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко- експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз. Овој услов се докажува со доставување на Фотокопии од сообраќајни дозволи за секое возило(заверени на нотар) или договори за лизинг (заверени на нотар).
3. Да има вработено возачи во зависност од бројот на моторните возила (минимум еден возач по возило), што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата, што се докажува со приложување на доказ-спиок на вработени по обврзник не постар од 60 дена и копија од образец М1/М2 за секој возач одделно.
4. Во возилото во кое се врши превозот да има вградено фискален апарат.
5. Управителот или овластеното лице да поседува Сертификат за професионална компетентност, што се докажува со приложување на копија од Сертификатот.
6. Да има солидна финансиска состојба, што се докажува со потврда од надлежен орган за намирени јавни давачки спрема државата, која не смее да биде постара од 1 месец.
7. Да има добар углед што се докажува со потврда од надлежен суд (не постара од 6 месеци), дека не е во сила:
– Правосилна судска одлука за сторено кривично дело против имотот, стопанството и од областа на безбедноста во јавниот сообраќај;
– Правосилна судска пресуда за други казниви дела со затворска казна подолга од 1 година.
8. Да поседува Лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници, што се докажува со копија од лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници.
9. Потврда за исполнување на техничко експлоатационите услови пропишани за возилата за вршење на општински линиски превоз.
Понудата за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на подрачјето на општина Неготино треба да содржи:
– Полн назив, седиште, даночен број и адреса на превозникот,
– висината на чиниње на возниот билет за бараната линија во еден правец,
– предлог-возен ред,
– во прилог кон понудата се доставуваат и документи за докажување на условите предвидени во јавната објава.
Критериуми за избор на превозникот и издавање на дозвола се:
– поголем број сопствени регистрирани возила,
– поголем број на вработени,
– најдолго време врши јавен превоз на патници,
– најниска понудена цена на чинење на возниот билет за бараната линија во еден правец.
Секој критериум носи по 20 бода.
Заинтересираните превозници поднесуваат Понуда согласно со условите во објавата во затворен плик, со назнака на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“, по објава за распределба на линии за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на општина Неготино.
Понудите да се достават најдоцна до 06.08.2021 година.
Понудите кои не се поднесени во предвидениот рок и кои не ги содржат комплетно бараните податоци(докази) од Објавата, нема да бидат разгледувани.