Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков донесе решение со кое се формираше Комисија за проценка на штети предизвикани од суша која ги зафати земјоделските култури во месеците јули/август 2021 година на територијата на општина Неготино. Се повикуваат сите граѓани кои имаат претрпено материјална штета од природна непогода суша, истата да ја пријават во деновите 09,10 и 13 септември во периодот од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Општина Неготино и со себе да носат лична карта и имотен лист.
Комисијата ќе ја утврдува фактичката состојба на самото место и истата ќе состави записник за извршен увид на самото место.
При утврдување на проценката на штетата, Комисијата ќе постапува согласно Единствената методологија за процена на штетите од елементарни и други непогоди и ќе изработи збирен извештај за проценетите штети на општина Неготино и ќе ги достави до Советот на општина Неготино.

Close Search Window