Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.05/2002), член 79 став 1 точка 50 од Статутот на Општина Неготино (“Сл.гласник на Општина Неготино” бр.3/06 , 2/2011 и 6/2011) и член 4  од Одлуката за формирање на Општински совет за превенција од малолетничко престaпништво, Советот на општина на седницата одржана на ден 03.10.2011 година,  објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за предлагање  на кандидати за членови   на  
Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на  oпштина Неготино.

 

 

 

1. Се покренува постапка за избор на членови на  Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на  oпштина Неготино.

2. Општинскиот совет  за превенција од малолетничко престапништво на oпштина Неготино се именува  за вршење на  работи за следење на состојбите, покренување иницијативи за нивното подобрување и развивање програми за вклучување на локалната заедница во превенција на малолетничкото престапништво и третманот на малолетните сторители на кривични дела и прекршоци.

3. Општински совет за превенција од малолетничко престпаништво има 15 членови.
Членовите на советот се именуваат за време од пет години, со право на повторен избор.

4. За членови на општинскиот совет  се именуваат  претставници од подрачните единици и тоа:

    Еден од министерството за внатрешни работи,
    Еден од министерството за труд и социјална политика,
    Еден од центарот  за социјална работа,
    Двајца од советот на родители во основните училишта / од секое училиште  по еден претставник /
    Еден од средните училишта, /по еден претставник /
    Тројца од унијата на средношколци,
    Еден од  адвокатската комора,
    Двајца од здруженија на граѓани и фондации,/ кои работата на полето на заштитата и правата на децата/
    Еден јавен обвинител кој работи на областа на малолетничката деликвенција и
    Еден судија за малолетници односно судија определен од  претседателот на судот.
    Еден од медиумите.

Надлежните институции и тоа: Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Центарот  за социјална работа, Јавното обвинителство и Судот  се должни да предложат кандидати за членови на советот.

5.    При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се  во прилог на овој јавен повик:
•    СМ-1 образец предлог кандидат за член на Советот,
•    СМ -2 образец, согласност за прифаќање на кандидатурата,
•    СМ-3 образец согласност дека кандидатот за член на Советот  е предложен согласно актите на институцијата,

Документите мораат да бидат  потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.
–    за кандидатите номинирани од страна на здруженијата , обрасците СМ-1 и СМ-3 треба да бидат потпишани и заверени од страна на застапникот на здружението,
–    за кандидатите номинирани од унијата на средношколци, од советите на родителите, обрасците СМ -1  и СМ -3 треба да бидат потпишани и заверени од страна  на директорот на училиштето.
–    за кандидатите од сите останати институции обрасците  СМ -1 и СМ -3 треба да бидат потпишани од одговорното лице на институцијата.

6.     Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 5 да приложи:
–    Кратка биографија на кандидатот со curriculum vitae – CV,
–    Фотокопија од регистрација на здружението.
–    

7.    Кандидатите мора да ги исполнуваат следните критериуми:
–    Минимум една година искуство во институцијата каде работат,
–    Претходно искуство во организирање и спроведување на превентивни активности, на спроведување на малолетничката правда и заштитата на правата на децата,
–    Претходно  да работеле на заштитата на интересите на малолетниците,
–    Искуство во различни неформални образовни активности / обуки,семинари,работилници/

8.    Критериумите од точка 7  не се однесуват за членовите од советот на родители во основните училишта, од средните училишта, и од унијата на средношколци, а право да аплицираат имаат сите  здруженија.

9.    Со цел еднаква застапеност на сите селектирани организации ќе биде селектиран по еден преставник од секој тип на организирана група која ќе аплицира на повикот.
    Ненавремените документи и нецелосната документација нема да се разгледува.

10.    Рокот за поднесување на предлози за кандидати за членови на Советот  на општина Неготино е 15 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик.

    Потребните обрасци од точка 5 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во Општина Неготино  кај лицата  Лолита Ристова и Слободанка Ристова (трети кат).

11.    Предлозите  за кандидати за членови на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на општина Неготино со назнака,, предлог кандидат за избор на член на советот се доставува на адреса:

Општина Неготино
–    Комисија за мандатни прашања,избори и именувања

СОВЕТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО
                                П р е т с е д а т е л,
                                    Сашо Николов

Close Search Window