Како дел од програмата на општина Неготино организирана по повод 8ми Ноември, се одржа меморијалниот турнир во шах во просториите на ТИЦ “Желкова куќа”. Денес беа доделени наградите и дипломите на најдобрите учесници, а истите им ги врачи градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов. На турнирот на кој зедоа учество 24 учесници, беа постигнати следните резултати:
- место – Живко Наумовски
- место – Илија Ѓорѓиев
- место – Санде Атанасов
Најдобри ветерани на турнирот се: Ѓоко Павлов, Драган Мелчевски и Крсте Лалев, а најдобар младинец е Даме Тефов.