Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Преку одржување на средби со жителите на населените места и прибирање на предлози, мислења и забелешки на градскиот плоштад, општина Неготино го слуша гласот на граѓаните при изготвувањето на Програмите за работа и Буџетот на општината за наредната 2023 година.Како транспарентна, одговорна и отчетна општина ги користиме сите алатки и можности да бидеме поблиску до нашите сограѓани. На секој граѓанин му беше овозможено со свои предлози да учествува во изработките на Програмите за работа на локалната самоуправа и изготвувањето на Буџетот на општина Неготино за наредната 2023 година. Пристигнатите предлози ќе бидат темелно разгледани, ќе се води расправа по истите и доколку се издржани, ќе бидат вметнати во Програмите и општинскиот Буџет, со единствена цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните на општина Неготино за создавање подобри услови за живеење.

Close Search Window