Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и прватта редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 30.01.2023 година (понеделник) во 14.30 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 14 вонредна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на записник од 20 редовна седница на Совет на општина Неготино
3. Усвојување на записник од 13 вонредна седница на Совет на општина Неготино
4. Предлог – Одлука за пренамена на средства од Буџетот на Општина Неготино за 2023 година
5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Програмата за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино
6. Предлог – Одлука за доделување на локации за поставување на штандови за продажба на вино и производи од вино за одржување на манифестацијата Свети Трифун на градскиот плоштад во Неготино
7. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа за 2022 година на Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино
8. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа за 2023 година на Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино
9. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа за 2022 година на ОУ Музеј на град Неготино
10. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа за 2023 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино
11. Предлог- Одлука за донесување на ДУП за УЕ2, дел од блок 6, ( помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Васка Калајџиска) општина Неготино
12. Предлог – Заклучок за усвојување на Програма за работа за 2023 година на ЈП „ Комуналец “ Неготино
13. Предлог – Правилник за начинот на формирање, составот, надлежностите , функционирањето и овластувањето на Еко патроли во рамки на Општина Неготино
14. Предлог – Мислење по Програма за екскурзии, излети и други вонучилишни активности во ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2022/2023 година
15. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

Close Search Window