Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По повод 5-ти март светскиот ден на енергетска ефикасност, Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион со седиште во Неготино спроведе писмена анкета помеѓу граѓаните на Општина Неготино по случаен избор. Анкетирани беа 140 граѓани кои одговараа на 10 поставени прашања со понудени одговори од областа на енергетската ефикасност .

Според раководителот на одделението Ванчо Петров, по средувањето на одговорите заклучок е дека добар дел од граѓаните водат сметка при потрошувачката на енергија и внимаваат од повеќе аспекти на енергетската ефикасност.

Така на 77,14% им е јасен поимот енергетска ефикасност, 68,57% во своите домови спроведуваат мерки за енергетска ефикасност, 80% сметаат дека во нашата Општина има потенцијали за обновливи извори на енергија, а 77,14% дека енергетската ефикасност има многу влијание врз животната средина. 64,23% од граѓаните имаат поставено сончеви колектори за санитарна топла вода, 84,28% би поставиле фотоволтаици за производство на електрична енергија за сопствени потреби, а дури 91,42% од анкетираните изјавиле дека при купување водат сметка за енергетската класа на уредите за домаќинствата.

Анкетата  покажа дека енергетската ефикасност има значајно место во секојдневното живеење на граѓаните на општина Неготино.

Close Search Window