Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2023 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог планот – ДУП за Урбана Единица 6, дел од Блок 20 и Урбана Единица 7, дел од Блок 21, (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“), општина Неготино, (ДУП за УРБАНА ЗАЕДНИЦА 7, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 7.2)
Граници на опфатот сe: на северосток, северозапад и запад граничи со улица„Партизанска“, а на југоисточната страна со улица „Даме Груев“.
Опфатот е со површина од 4,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот – ДУП за Урбана Единица 6, дел од Блок 20 и Урбана Единица 7, дел од Блок 21, (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“), општина Неготино, (ДУП за УРБАНА ЗАЕДНИЦА 7, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 7.2) со технички број број 56/18 од април, 2023 година, изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“ ДООЕЛ Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 17.07.2023 година до 21.07.2023 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 18.07.2023 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино.