Во пресрет на новата учебна 2023/24
година, а со цел истата да се дочека подготвено, во ООУ„Гоце Делчев“ и во подрачните училишта се реализирани бројни активности за создавање идеални услови за непречено одвивање на наставниот процес.
Меѓу другото, извршено е
– белење на просториите во централното училиште,
-комплетно е реконструиран кабинетот по ликовно,
Се поставуваат роло завеси во централното училиште онаму каде што немаше и во подрачните училишта во с.Тремник и с.Тимјаник,
– извршена е комплетна зидна и подна реконструкција на библиотеката во училиштето во с.Д.Дисан.
– Во подрачното училиште во с.Тремник извршена е комплетна реконструкција на 2 училници со поставување на клупи и столчиња, а клупи и столчиња се поставени и во останатите училници,
– Поставена е летна училница во училиштето во с.Тимјаник,
– во моментот се врши демонтажа на стара и монтажа на внатрешна ограда во централното училиште.
Во разговор со директорката Елена Стојанова ни најави дека во краток временски период ќе започне
-Реконстукција на спортски терен и училишен двор во с.Тремник и
Партерно и хортикултурно уредување на училишниот двор во централното училиште.
![](https://negotino.gov.mk/wp-content/uploads/2023/08/367963368_310160744739810_3994977026802690732_n-225x300.jpg)
![](https://negotino.gov.mk/wp-content/uploads/2023/08/368013508_310160251406526_8018333777730429434_n-225x300.jpg)
![](https://negotino.gov.mk/wp-content/uploads/2023/08/368028179_310160544739830_6077370312770210858_n-300x225.jpg)
![](https://negotino.gov.mk/wp-content/uploads/2023/08/368043743_310160068073211_3485902008987015949_n-225x300.jpg)
![](https://negotino.gov.mk/wp-content/uploads/2023/08/368169152_310160731406478_2510998872118844940_n-300x205.jpg)