По повод стартот на новата учебна година, присуствував на пригодна свеченост која се одржа во ООУ„Гоце Делчев“ во Неготино. Во свое лично име како градоначалник и во име на Советот на општина Неготино на сите ученици од средното, двете основни и музичкото училиште им посакав среќен почеток на учебната година со желби за многу стекнати знаења и лесно совладување на сите нови искуства и предизвици. Посебна порака имав за првачињата на кои им посакав успешен почеток, стекнување на вештини и знаења и многу нови другарства со верување во себе и постигнатите резултати, бидејќи образованието е една од најважните инвестиции во животот. Информирав дека општина Неготино од буџетот обезбеди средства во висина од по 3.000 денари еднократна парична поддршка за секое прваче за побезбеден финансиски почеток на учебната година кои ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на нивните родители. Пригодно обраќање имаше и директорката на училиштето Елена Стојанова која истакна дека централното и подрачните училишта навремено ги презедоа сите активности за непречен старт на учебната година и одвивање на воспитно-образовниот процес. Сите присутни имавме можност да проследиме и културно-уметничка програма.