Одбележан патрониот празник на ООУ Гоце Делчев Неготино

На денот кога се навршуваат 123 години од загинувањето на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ во нашиот град. Свеченостите започнаа со положување на свежо цвеќе на спомен бистата на патронот на училиштето, при што од страна […]
Регистрирани мрзнења на лозјата, ако има потреба ќе се формира Комисија за проценка на штетите

После изминатите 2 дена, каде во вечерните часеви температурата се спушти под 0, денес направен е увид на дел од лозовите насади, каде веќе се забележуваат мрзнења на лозјата , особено по должината на реката Вардар. Ќе ја следиме ситуацијата оваа недела и доколку се процени дека има оштетувања, Општина Неготино ќе формира комисија за […]
Со средства од над 16 милиони денари реконструиран е патот Д. Дисан – Г. Дисан – Вешје

Општина Неготино реализираше уште еден исклучително значаен проект за граѓаните и тоа со средства обезбедени преку вториот повик на Владата на Република Македонија. Имено, завршија градежните работи за реконструкција на патниот правец Долни Дисан – Горни Дисан – Вешје . Должината на реконструираната траса изнесува 1.493,82 метри, а вкупната вредност на проектот изнесува 16.107.762,50 денари.
Се одбележаа 6 години поддршка од Европската унија за општините во Македонија

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на настан посветен на одбележување на постигнувањата од страна на општините и планските региони во Македонија како учесници во програмата финансирана од Европската унија преку проектот ,, ЕУ за општините “. На настанот присуствуваа претставници од општините, планските региони, министри во Владата, меѓународни партнери кои го поддржуваат локалниот […]
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА – СИСТЕМ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ, ЗА ИНДУСТРИСКИ ПАРК „ИГМ – НЕГОТИНО“ – СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС ВО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ОПШТИНА НЕГОТИНО
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА – СИСТЕМ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ, ЗА ИНДУСТРИСКИ ПАРК „ИГМ – НЕГОТИНО“ – СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС ВО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ОПШТИНА НЕГОТИНО
Во основните училишта во Неготино се одржаа работилници за непрофесионален филм

Врз основа на соработката помеѓу општина Неготино и Народна техника на Македонија, денеска во двете Основни општински училишта во градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ се одржаа одделни работилници за непрофесионален филм на кои градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше заедно со директорот на Народна техника Перо Митрев. Работилниците беа наменети за учениците од […]
Градоначалничката Нацева присуствуваше на Денот за високи гости на АП Криволак

Денеска на армискиот полигон Криволак во рамките на спроведувањето на вежбата ,, Блесок 26 ” се реализираше Ден за високи гости на кој присуствуваше градоначалничка на општина Неготино Марија Нацева. На вежбата присуствуваа и претседателката на Македонија и врховен командант на вооружените сили Гордана Силјановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на генералштабот на […]
TD 03 ref. 05-834/3Supply of 8 personal computers Municipality of Negotino, North Macedonia
c4a_invit_en A c2_contractnotice_simp_neg_en (1) c4b_itt_en B c4c_mainconditions_en c4d_specialconditions_en c4f_annex_ii_techspec_iii_techoffer_en c4g_annex_iv_finoffer_en c4o3_ifcompany_en C c4j_admingrid_en c4k_evalgrid_en D a14a_declaration_honour_procurement_en (1) c4l_tenderform_en
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА СО НАМЕНА Е1.6-КАНАЛИЗАЦИСКИ ИНФРАСТРУКТУРИ, ВО СЕЛО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ, КО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ 2, ОПШТИНА НЕГОТИНО
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА СО НАМЕНА Е1.6-КАНАЛИЗАЦИСКИ ИНФРАСТРУКТУРИ, ВО СЕЛО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ, КО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ 2, ОПШТИНА НЕГОТИНО
Општина Неготино обезбеди противпожарно возило и опрема за потребите на ТППЕ-Неготино

Преку донација од Амбасадата на САД во Македонија општина Неготино обезбеди противпожарно возило и опрема за потребите на ТППЕ-Неготино со кои се зголемуваат оперативните капацитети, како и брзината, безбедноста и ефикасноста при потенцијални интервенции на терен од страна на неготинските пожарникари. На чинот на примопредавањето на возилата и опремата кој се одржа во кругот на […]